Поранешниот шеф на македонскатa тајнa службa, Сашо Мијалков, кој во саботата на белградскиот аеродром беше уапсен со оружје, беше ослободен, благодарение на блиската роднинска релација со македонскиот премиер, Никола Груевски, пишува српски Курир.
Курир се повикува на извор во безбедносните служби според кој интервенциите од највисоките кругови во власта во Мкедонија започнале веднаш кога Мијалков бил уапсен.
– Нема кој не бараше, од политичари, преку контроверзни бизнисмену до луѓе од врвот на власта. Интервенираше дури и премиерот на Македонија, кому Мијалков му е прв братучер. Тие инсистираа веднаш да биде пуштен без проверки и задржувања… Што се случи и кого се македонскиот премиер повика не знам, но Мијалков беше брзо пуштен , тоа беше наредба – открива соговорникот на Курир.
-Да потсетиме, кај Сашо Мијалков, најмоќниот Македонец, кој беше уапсен на аеродромот во Белград, пиштолот – берета, пронајдени беа и хируршки ракавици и додатна кутија со муниција, што укажува на тоа дека не ја кажал вистината кога рекол дека оружјете “случајно го заборавил во рачниот багаж“ – пишува Курир.
– Според информациите што ги имам преку Белград закал да се упати во Загреб, а поводот наводно е состанок со претставници на ХДЗ во врска со изборите. Тој јавно ги поддржа и финансираше, а тоа не го крие. Инаку, тој е човек кој има блиски контакти во регионот со криминалци, бизнисмени, луѓе од политиката, власта (…)посебно е близок и со албанското подземје – вели соговорникот на Курир.
(…)
Инаку, се шпекулира дека Мијалков е еден од главните организатори на вооружените судири во Куманово со цел предизвикување меѓуетнички конфликт.
Кратко по судирите Мијалков се повлече од позицијата шеф на македонската тајна служба.
Инаку веднаш по инцидентотГруевски го пофали Мијалков – дека имал доблест и признал за пресс24 дека по грешка носел пиштол?!
-На Сашо Мијалков очигледно му се случила грешка од небрежност, тој тоа доблесно го објасни во македонската јавност со неговата изјава и покажа различност од политичарите во другиот табор, во таборот на СДСМ кои и кога ќе ги фатите во најтешка, најкрупна грешка и лага се обидуваат да изнаоѓаат начини како да изманипулираат со граѓаните, посочи Груевски.
Текстот на српски Курир во целост прочитајте го тука

![gruevski_kanal5[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/10/gruevski_kanal51.jpg)