Српски „Курир“: На аеродром во Белград приведен Сашо Мијалков!

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Бившиот шеф на македонската контраоразузнавачка служба Сашо Мијалков бил главна причина за драмата која во четвртокот се случила на аеродромот „Никола Тесла“. Во неговиот рачен багаж е најден пиштол., пишува спрски Курир,

mijalkov-1

Тоа што е најчудно е што оружјето било во авионот на летот од Скопје до Загреб, а пиштолот е најден дури на на аеродромот во Белград,

– „Човекот беше прилично мирен, не правеше проблеми кога му го најдоа оружјето. Се правдаше дека го заборавил и дека на аеродромот во Скопје не миналниз контрола, што на сите им беше чудно. А изненадувањето следеше кога беше откриено дека вооружениот човек е всушност Сашо Мијалков.“ – изјавил изворот на Курир.

 

Тој и е посебно интересен на српската безбедносна служба, бидејќи се сомневаат дека Мијалков имал активна улога во организирање на терористичкиот напад на Куманово. Поради сомневање за стекнат капитал, но и пради своите врски и влијание, тој е под присмотра на странски служби, пишува Курир.