Српски медиуми: На Евзони се пушта само со грчки пасоши

од Берта Китинска
496 прегледи

Преминот Евзони е отворен само за оние со грчки пасош, информираат српските медиуми.

„Само оние кои имаат грчки пасош можат да го поминат преминот, повеќето возила кои чекаат на граница се од Северна Македонија и Бугарија“, јави репортерот на ТВ Прва, Братислав Илиќ .

Тој вели дека од граничната полиција му било кажано дека сè уште немаат официјално одобрение од Атина за ослободување на оние кои немаат грчки пасош.

„На прашањето кога ќе добијат одобрување за да ги пуштат другите, тие рекоа дека не знаат, раководителот на смената ни рече дека тоа може да се случи вечерва, на полноќ или во 7 часот наутро“, јави репортерот на ТВ Прва .

Слични содржини