276
Вечерва, нешто пред 22 часот, српскиот политичар и лидер на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, го демолирал ресторанот за брза храна Пончо во Нов Белград, неофицијално дознава „Курир.рс“.
Засега е непознато што му претходело на овој чин. Српски „Курир“ пишува дека посетителите на објектот биле во шок кога виделе што се случува пред нивните очи.
Очевидци за порталот изјавиле дека Јовановиќ, откако се расправал со работниците, зел голем камен и го фрлил кон излогот, кој бил скршен.
Полицијата е на терен.