По дебито во дресот на Пари Сен Жермен, еден од најдобрите играчи во светот, Лео Меси, доби нов бран аплауз од домашната публика.
Голманот на српската репрезентација, Предраг Рајковиќ, кој брани за Ремс, направи фотографија што тој и неговиот син ќе ја паметат до крајот на животот.
Меси го зеде во раце синот на Рајковиќ додека чуварот на мрежата на „орлите“ направи фотографија. Капитенот на аргентинската репрезентација по којзнае кој пат ја потврди својата големина.
https://www.instagram.com/p/CTLDqeFga8q/?utm_source=ig_web_copy_link
Да потсетиме, Лео влезе во игра наместо неговиот голем пријател Нејмар, а доби аплауз од жестоките навивачи на „светците“ кои беа на стадионот, но и од домашната публика.
Нема сомнение дека Предраг Рајковиќ и неговиот син ќе го паметат овој момент до крајот на животот.
https://www.youtube.com/watch?v=akJKiQdRv8U