Српскиот епидемиолог Тиодоровиќ: Ќе има и четврта доза

од Nikola Popovski
308 прегледи

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ вели дека најверојатно на пролет ќе се препорача четврта доза вакцина против коронавирус.

Тиодоровиќ за српски „Блиц“ изјави дека имунизацијата против коронавирус во иднина може да се врши двапати годишно.

„Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во неволја“, рече тој.

Епидемиологот изјави дека во Србија ќе продолжи да се намалува бројот на новозаболени, но посочи дека од граѓаните зависи дали тоа ќе се случи.

„Можно е бројот на заразени да продолжи да се намалува, бидејќи луѓето сега ја имаат таа доза на сериозност. Кога бројките растат и луѓето се однесуваат посериозно, кога бројките паѓаат, тие се опуштаат, а тоа не треба да биде така“, нагласи тој.

Тиодоровиќ рече дека медицинскиот дел од Кризниот штаб се уште е за воведување на целодневни ковид-пропуснци и дека ќе инсистира на тоа.

Тој додаде дека воведувањето такви пропусници имало влијание врз луѓето на возраст од 30 до 40 години и дека тоа се гледа од податоците за вакцинација.

Слични содржини