Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

од Nikola Popovski
906 прегледи

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти дека ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Белград и Ниш, по несреќата што се случи во градот Кочани.

„Како почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, решив да ги покријам трошоците за престој на семејствата чии најблиски беа повредени во несреќата во Кочани, хоспитализирани во болниците во Ниш и Белград, во Република Србија“, порачал Стајиќ во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.

Стајиќ им посакал брзо закрепнување и многу сила на сите што минуваат низ оваа искушение, додавајќи дека „во овие тешки моменти најважно е да се покаже солидарност“.

Во пожарот што избувна во дискотека „Пулс“ во Кочани, ноќта меѓу саботата и неделата загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

Слични содржини