Српскиот патријарх Порфирије со делегација на СПЦ во посета на МПЦ-ОА

од Берта Китинска
283 прегледи

Делегација на Српската Православна Црква (СПЦ), предводена од неговата светост, српскиот г. г. Порфирије денеска и утре ќе дојдат во посета на Македонската Православна Црква (МПЦ) – Охридска Архиепископија.

-Утре, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, неговата светост српскиот патријарх г. г. Порфирије и неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински цркви, ќе служат Божествена литургија, најави МПЦ-ОА упатувајќи покана до верниците да земат молитвено учество.

На заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во соборниот храм „Свети Сава” во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Вселенската патријаршија на 9-ти месецов ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви.

Слични содржини