Српскиот премиер Вучевиќ утре во официјална посета на Скопје

од Nikola Popovski
70 прегледи

Српскиот премиер Милош Вучевиќ утре ќе престојува во официјална посета на Скопје, при што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.

По средбата меѓу Вучевиќ и Мицкоски, предвидена е средба на делегациите на двете земји, а потоа потпишување на Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот меѓу Министерството за рударство и енергетика на Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија, соопшти Владата на Србија.

Вучевиќ и Мицкоски ќе одржат прес-конференција, а потоа српскиот премиер ќе се обрати на собир на кој ќе присуствуваат претставници на српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии и српски компании кои работат во Македонија.

Пред еден месец, на средбата во Белград со вицепремиерот, Иван Стоилковиќ, српскиот премиер порача дека двете земји немаат отворени прашања и дека ќе работат со Северна Македонија за зајакнување на регионот и влез во Европската унија.

Тогаш беше констатирано и дека се очекува формирање на Комисија за економска соработка, како и дека Србија и Македонија треба да соработуваат и по повод интерконекторот за снабдување со енергија.

Слични содржини