Српскиот рапер Раста пред настапот во Охрид фатен со марихуана

од desk2
40 прегледи

Полицијата во 10 минути по полноќ денеска го уапсила познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ – Раста, пред да настапи на концерт. Кај него била пронајдена марихуана. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.

„На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија“, соопшти СВР Охрид.

Раперот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

Раперот во Македонија дошол од Црна Гора, каде бил на одмор со својата партнерка Марија Балабан.

Слични содржини