Српскиот тим се врати дома по успешното гасење на пожарите во Македонија, исфрлиле 182 тони вода

од Nikola Popovski
76 прегледи

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, како дел од Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во својата земја.

Како што соопшти српското МВР, припадниците за пет работни дена успешно го изгаснале пожарот кај село Росоман, го ставиле под контрола пожарот кај градот Радовиш, а заедно со други домашни и меѓународни екипи, дејствувале на локации во близина на Ново Село, на планината Огражден и местото Пипирево.

Хеликоптерот „Камов Ка-32“, специјализиран за гаснење пожари на отворен простор, исфрлил вкупно 182 тони вода.

Во знак на благодарност, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им врачи благодарница на претставниците на српското МВР за помошта со пожарите.

Помошта за Македонија беше испратена врз основа на барањето на Владата да се обезбеди помош во гаснењето на шумските пожари.

Слични содржини