Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во сезоната во која традиционално патуваат и во С.Македонија

од Берта Китинска
397 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук информираше дека со денешната посета на Белград заедно со својот српски колега е договорено Институтот Торлак да биде стане стратешки партнер на земјава  што се однесува на набавка на вакцините во периодот кој е пред нас.

-Во рамки на мојата посета на соседна Србија и Институтот Торлак, се сретнав со министерот за здравство Лончар. Разговаравме и договоривме соработка во повеќе области, но најважен е договорот Институтот Торлак да биде наш стратешки партнер што се однесува на набавка на вакцините во периодот кој е пред нас. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да запре, многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска. Со ваквото партнерство обезбедуваме долгорочна соработка и стабилен извор на вакцини.Благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ, преку донацијата на вакцини од Србија ние го започнавме процесот на имунизација кај нас. Заради овој пријателски гест, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да сите српски граѓани бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август тоа е оваа сезона во која голем број на српски граѓани традиционално патува и во Северна Македонија и према Грција, напиша Филипче.

Слични содржини