Австралиски судија одлучи дека визата што му беше одземена на Новак Ѓоковиќ при неговото пристигнување во Австралија е валидна.
Србинот дојде во Мелбурн да игра на Австралија опен како бранител на титулата, а наместо тоа се најде во имиграциски притвор, каде се наоѓа од средата.
Судот утрово по наше време нареди Ѓоковиќ да биде ослободен во рок од 30 минути.
Сепак, новинарката Ксенија Павловиќ на Твитер напиша дека Новак Ѓоковиќ е повторно уапсен. Таа вели дека информацијата ја добила од неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ.
Светските агенции се уште не ја потврдија оваа информација.
.@DjokerNole under arrest!!!!!!!!!!
— Ksenija Pavlovic McAteer (@ksenijapavlovic) January 10, 2022
Политикологот Нина Марковиќ од Австралија една минута пред тоа ја додаде следната информација за српските медиуми:
– Официјални лица од Бирото за имиграција се пред канцеларијата на адвокатот и сакаат да го депортираат Новак Ѓоковиќ, што би довело до тригодишна забрана за влез во земјата.