Српските студенти во блокада на социјалните мрежи најавија дека во понеделник на 24 март ќе одржат нов голем протест за одбрана на зградата на поранешниот Генералштаб во Белград.
„Протест за Генералштабот, 24 март. Се гледаме“, напишаа кусо студентите во блокада на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Во понеделник, 24 март, ќе се одбележат 26 години од почетокот на агресијата на НАТО врз тогашна Сојузна Република Југославија. Бомбардирањата на НАТО во април и мај 1999 година ја оштетија зградата на Генералштабот на улицата „Књез Милош“, по што доби статус на културно наследство.
Српската влада го укина тој статус во ноември 2024 година, поради најавата за продажба на тој простор на компанијата „Афинити партнерс“, чиј еден од основачите е Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според најавите, таму ќе го гради хотелот „Трамп“.
Студентите претходно, со поддршка на професори, установи и професионални здруженија, започнаа серија предавања за значењето на комплексот на Генералштабот и опасноста што се наѕира над целото културно наследство на Србија.
Архитектонските, филозофските и применетата уметност упатија јавен апел до Владата да ја повлече одлуката со која се загрозува едно од основните човекови права – човековото право на културно наследство.