По две престрелки за помалку од 12 часа, во населбата Звездара во Белград и во Крагуевац, Б92 истражува колку градовите во Србија се безбедни и што е најчеста причина за пресметките.

Еден човек загина, а друг е повреден во синоќешната престрелка во белградското предградие Звездара, додека во Крагуевац утрово се повредени тројца млади мажи.
Пресметките на улиците низ градовите во Србија не престануваат, како и имињата на младите учесници во пукотниците кои воглавно од претходно и се познати на полицијата и тоа го покренува прашањето дали криминалното подземје проработе.
Криминологот Душан Давидовиќ, вели дека тоа никогаш и не престанало да постои, само прашање е до кој степен се контролира и колку се безбедни луѓето кои ќе се најдат во непосредна близина на нивните судири.
“Можеби е дојдено време да се почне да размислува на прашањето за безбедноста на градовите. Ние кои за тоа често зборуваме дали постои криминално подземје и дали се вратија приликите од 90-те години од минатиот век, треба – ајде да се запрашаме колку луѓе би можеле да загинат при претсрелката во текот на минатата ноќ, или во еден претходен во Белград, Крагуевац, или било кој град во Србија “, рече Давидовиќ .
Најчестите причини за прибегнување кон употреба на оружје е прераспределба на криминалната моќта и економската криза, размислуваат соговорниците за Б92.
“Ова се тешки времиња секој знае дека сите во оваа држава на секој му должи пари ,а протокот на парите се затегна до крај и не само што нема пари на секаде, туку нема пари, дури и меѓу криминалците и затоа убиствата започнаа”, рече Давидовиќ
И новинарот на “Блиц”, Вук Цвијиќ се согласува со констатацијата дека недостигот на пари и доминацијата на криминалниот пазар се најчеста причина за уличните пресметки.
“Се посериозни се овие и други кривични дела. Тие се организирани криминални групи кои се во конфликт. Овие конфликти се во пораст, другите убиства не се, тие се во опаѓање. Притоа, тие се сурови, луѓето губат контрола, но убиствата во врска со организираниот криминал, тогаш стануваат се почести “, вели Цвијиќ.
Експертите предупредуваат дека без национална стратегија за безбедност, систематски проекти за спречување и контрола на криминалот, не постои ефикасна борба против криминалот.