Српското МВР објави проценка колку луѓе биле собрани во Нови Сад на годишнината од уривањето на настрешницата

Трагедијата го инспирираше најголемото студентско движење во Србија од падот на Слободан Милошевиќ

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Принтскрин

И покрај изјавите и тврдењата на српскиот адвокат Александар Оленик за 160.000 присутни на денешниот комеморативен собир во Нови Сад по повод една година од трагедијата при уривањето на настрешницата на Железничката станица, проценките на Министерството за внатрешни работи на Србија не се блиску до оваа бројка.

Според тамошното МВР, на комеморативниот собир во Нови Сад денес присуствувале 39.000 граѓани. Тие објавија дека во времето на шеснаесетминутното молчење, се собрале 39.000 луѓе.

„За време на врвот на овој ненајавен јавен собир, на подрачјето на градот Нови Сад, од 11:52 до 12:08 часот, присутни биле околу 39.000 граѓани, кои пристигнале во Нови Сад од целата територија на Република Србија“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Оттаму велат дека по тоа граѓаните почнале мирно да си заминуваат.

„Во моментов, голем број граѓани се собраа на јавен собир на Кејот на жртвите од рацијата. Досега немало инциденти или настани од безбедносен интерес во делот од овој јавен собир“, беше објавено.

Трагедијата го инспирираше најголемото студентско движење во Србија од падот на Слободан Милошевиќ. Првичните барања за транспарентна истрага брзо прераснаа во критики за корупцијата и непотизмот, како и повици за предвремени парламентарни избори, кои редовно треба да се одржат во 2027 година. Во знак на протест, група граѓани 16 дена пешачеа од Нови Пазар, поминувајќи 340 километри до Нови Сад, каде беа пречекани од насобраните граѓани.

Слични содржини