Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи во Белград го уапсиле Н.Ѓ. (2003)
поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела обид за убиство и недозволено изработување, држење, носење и пуштање во промет на оружје и распрскувачки материи.
Тој, како што се сомнева, синоќа на улицата „Максим Горки“ во Белград со истрели од огнено оружје им нанел тешки телесни повреди на дваесет и шестгодишен белграѓанец и на дваесет и едногодишен државјанин на Северна Македонија, а потоа побегнал, соопшти тамошното МВР.
Полицијата набрзо го идентификувала и го пронашла.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.
Да потсетиме, две лица беа ранети синоќа во белградската населба Врачар. Во престрелката рането е лицето А.П.(29), по што е префрлен во тамошниот Ургентен центар. Ранет е и македонскиот државјанин Д.Л. (21), кој бил погоден во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П или пак случајно бил ранет.