Озлогласената луксузна вила на Флорида на милијардерот Џефри Епштајн, која беше центар на злоупотреба и измама на малолетнички, беше срамнета со земја.
Куќата била „украсена“ со слики од голи девојчиња и опремена со сексуални играчки.
Инвеститорот Тод Мајкл Глејз, кој го купи имотот за 18,5 милиони долари, испрати багери да го израмнат ова место на злосторството, за да не остане ни трага.
Агентот за недвижнини Лоренс Монс рече дека се вклучил во продажбата „за да се осигура дека оваа куќа ќе исчезне од картата“.
Новиот сопственик рече дека со задоволство ќе ја уништи куќата на педофилот и дека ќе изгради нова на имотот.
Епштајн, кој изврши самоубиство во затвор во 2019 година, беше обвинет за сексуална трговија со малолетнички. Епштајн носел многу малолетни девојчиња во своите вили во Менхетен и Палм Бич.