ССК бара поддршка за приватниот сектор со системско решение

од Aleksandar Petrovski

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска денеска на средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски порача дека сите работи што ќе се прават за доброто на економијата во иднина треба да бидат поддржани со системско решение.

-Единствената работа којашто му е потребна на приватниот сектор во овој момент е системско решение. Потребно ни е сите работи што ќе се прават, а кои се за доброто на економијата да бидат поддржани со системско решение, со решенија кои ќе бидат квалитетни, функционални, долгорочни и ќе немаат проблеми во имплементацијата, рече Арсовска на средбата на која стопанственици од ССК ги претставуваат очекувањата за бизнисот по изборите.

На сите во државата,  нагласи, им е потребен систем, владеење на правото и функционални институции.

Според Арсовска, ветувањата на партиите за инфраструктурните проекти треба да бидат реални и остварливи. Таквите прокети, потенцираше, се значајни за инфраструктурното поврзување  и протокот на стоки и услуги во рамки и на државата и со регионот.

– Важно е реализацијата да биде реално остварлива и да се потрудат  чинителите во власта откако ќе го донесат Буџетот да ја остварат максимално, односно да биде реална и остварлива. Она што ќе се предвиди да се оствари за да немаме ситуации со ребаланс на Буџетот како што имавме во минатото. Важно е да се прават добри и квалитетни анализи. Инфраструктурното поврзување секогаш е добро, ја движи економијата и градежништвото и уште 20-ина други гранки, рече Арсовска.

Мицкоски истакна дека на бизнисмените од ССК ќе им го презентираат она што веќе го вклучиле во изборната програма и ќе слушнат што би можело да се вметне од неа од предлозите од оваа комора.

– Она што Сојузот на Стопански Комори практично ќе ни го предложи, она што е важно за нив, па да видиме дали дел од тие проекти, политики можеме веднаш да ги вклопиме во програмата. Дел понатаму откако ќе направиме детална анализа на состојбите во буџетот на државата кои што според наша информација, според она навигација со која ние располагаме е во една многу лоша состојба и кондиција. Таквата состојба исто како и за економијата предвидуваме дека ќе биде се полошо од периодот кој што следи, рече Мицкоски. 

Слични содржини