Бараме од пратениците да не водат политичка битка и да се грижат за вработените во јавниот сектор, исто како што вработените се грижат за извршување на работните задачи и им помагаат на пратениците во Парламентот, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов за почетокот на денешната дебата во Собранието, која треба со резултира со законска обврска за 10 отсто повисоки плати со септемвриската плата, но и регрес за годишен одмор.
Трендафилов истакна и дека пратениците повеќе од еден месец беа на годишен одмор и се уште се на одмор.
На иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати за 78% се глуви. Немаат храброст да не контактираат. Вработените нема да бидат задоволни со зголемувањето од 10%, ако имаме во предвид дека функционерите не заслужено без никаква продуктивност ги уживаат продибивките од срамнат одлука на Управниот суд. Нашиот предлог беше функционерите да бидат на исто ниво со работниците и државата да не биде маќеа за еден, а мајка за друг, рече Трендафилов на брифинг со новинарите.
Претседателот на ССМ информира дека кога преговарале за општиот колективен договор им кажале на функционерите дека 78% покачување е премногу за нив, а 10% е премалку за вработените во јавниот сектор.
Ако има за нив, ќе има и за нас. Станува збор за 2500 луѓе вработени во Обвинителството и судовите. 1060 функционери добија по 1500 евра месечно или покачување од 78% на платите, додаде Трендафилов.