Денес се огласи Сојузот на синдикати на Македонија, кој посочи дека нема да отстапи од барањето субвенциите за плати да се пренасочат директно на трансакциските сметки на работниците.
Како што потенцира Синдикатот, недопустливо е работниците во време на Ковид-19 кризата да останат без плати кои чесно си ги изработиле и без субвенциите „обезбедени на наше барање од нашиот социјален партнер Владата“.
„Алчните газди по петти пат оставија работници без никаква егзистенција, а иако УЈП овој пат дејствуваше веднаш, се покажува дека и тоа не е доволно и дека и покрај сознанијата и информациите во јавноста кои ги изнесуваме и ние и државните институции за одговорноста за овој вид на злоупотреби, повторно има работодавачи кои немаат милост ниту спрема работникот, ниту пак се плашат од државата и од казни“, велат од Синдикатот
Оттаму, ССМ покрај паричните казни, ќе бара и кривична одговорност, затоа што, како што посочува во соопштение, законот е еднаков за сите и не познава газди, граѓани или работници.