ССМ до пратениците: Денес требаше да одмараат 92% од работниците, а 8% да добијат додаток за работа

од Nikola Popovski
621 прегледи

Денеска ( недела ) требаше да одмараат 92 проценти од вработените, а 8 проценти од работниците кои заради спецификите на работните места требаше да работат ќе беа платени со најмалку 50% до 100% додаток за работа во ден на неделен одмор, велат од Сојузот на синдикати на Македонија преку соопштение.

Тие ги прашуваат пратениците „кои не најдоа време и разбирање за работниците да го изгласаат законското решение со кое се прогласуваше НЕДЕЛА ЗА ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР, дали знаат дека работниците денеска работат и за тоа не се платени дополнителнo za најмалку плус од 50% до 100% на нивната дневница“.

-Ќе ги потсетуваме секоја недела, колкава штета му се прави на работникот поради политички игри и интриги, велат од ССМ.

Слични содржини