Сојузот на синдикати на Македонија реагираше на изјавата на професорот и претседавач со Советот на град Скопје, Трајко Славески кој е против моментално зголемување на минималната плата. Од ССМ велат дека го разбираат Славески.
-Тој во Македонија прима плата најмалку во висина на минималната плата во Германија, па веројатно и тој е револтиран што е на германски минималец во Македонија, потенцираат од ССМ.
Од таму информираат дека 50 проценти од просечната плата во Германија е најмалку 1.400 евра, а во Македонија е 14.000 денари.
-Веројатно му е тешко да го преживее месецот, како и на 110 илјади работници, па затоа ги поддржува работавачите, а не работниците, оценуваат од ССМ.
Славески денеска отворено застана зад Организацијата на работодавачи, велејќи дека ваквото зголемување на платите би било оптоварување за компаниите и може да доведе до нивно затворање.