ССМ: Долгоочекуваното право недела како неработен ден станува реалност

од Vladimir Zorba
208 прегледи

После средбата помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, Влада на Република Северна Македонија денеска го усвои предлог текстот на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела како ден на неделен одмор за македонските работници.

Оваа иницијатива на ССМ се преточува во законско решение изградено по пат на социјален дијалог, а кое ќе значи дека заеднички ја враќаме неделата како ден на неделен одмор, а додека за мал број на работници кои работат во оние дејности кои се во исклучоците се спречуваат злоупотребите од страна на работодавачите со сериозни казни, односно ќе се работи само во оние дејности каде што навистина производниот процес, или пак, потребите на општеството, тоа го бараат како неопходност за што ќе следува надоместок од најмалку 50% зголемена дневница до 100% зголемување за работниците во моловите, а со колективните договори веќе се уредени и повисоки износи, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Предлозите на ССМ во најголем дел се прифатени, но потсетуваат дека како што тоа беше случај и до сега, сите промени треба да бидат изградени по пат на социјален дијалог, а апелираа уште еднаш да се размисли за слободниот ден за работниците кои ќе работат во недела да биде денот пред или денот по денот недела односно сабота или понеделник, за да може навремено, работникот кој ќе работи во недела да си го планира слободниот ден и слободното време.

„Ги повикуваме пратениците да ги имаат во предвид забелешките на ССМ, да не повикаат да ги образложиме и пред нив и што поскоро, да го донесат законското решение кое ќе значи унапредување и заштита на работничките права“, додаваат оттаму.

Слични содржини