ССМ: Една функционерска плата покрива две ипол до три синдикални минимални кошници

од Vladimir Zorba
169 прегледи

„Еден функционер со својата плата според новата пресметка покрива две ипол Синдикални минимални кошници или еден функционер по најновните пресметки вреди колку десетчлено семејство и истиот може со само една своја плата да покрие основни трошоци за две ипол семејни домакинства, а според пресметките за износот на Синдикалната минимална кошница на Министерот за економија, една фукционерска плата покрива три Синдикални минимални кошници“, соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

„Министерот за финансии нема да ја почитува Одлуката на Уставниот суд и нема да им исплати зголемени плати на функционерите за чија пресметка основната нето плата е единица пресметковен коефициент и се множи по просечна плата и платите ќе им ги зголеми само линеарно за 2.175 денари.

Владата продолжува со своите заложби да изнајде методологијата за пресметката на фукционерските плати и прво ќе бара системско решение за функционерите да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата кое се очекува да биде утврдено до декември оваа година по што нивните плати ќе бидат усогласени за 2.175 денари, а до тогаш функционерите ќе мораат да си веруваат сами на себе дека ќе го добијат усогласувањето на нивните плати.“

Овие активности Владата ги спроведува по повод одбележување на 1 април ( денот на шегата).

Синдикатите и работниците го имаат 1 мај, Меѓународниот ден на трудот кога го искажуваат своето незадоволство за нивните работнички права, а функционерите го имаат 1 април – денот на шегата кога нивните изјави и политики се реални и издржани.

За жал, реалноста е сосема спротивна, односно, за фунционерите важат едни правила, нивните плати можат да ја имаат просечната плата како основна плата по која се множи коефициент на сложеност, а за работниците не смее ниту минималната плата да биде основна плата по која ќе се множи коефициент на сложеност.

Владата може да не почитува закони и колективни договори кога тоа значи зголемување и усогласување на платите на работниците, а мора да почитува закони и судски одлуки кога платите за фунционерите несразмерно се зголемуваат во сооднос со платите на работниците.

Нехумано и нечовечки е фунционерите да уживаат, а работниците да преживуваат! Потсетуваме дека токму работниците ги бираат функционерите, а не обратно!“, се додава во соопштението на ССМ.

Слични содржини