472
Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија кој е највисок орган во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) меѓу два Конгреси, на својата 4-та седница одржана вчера, едногласно донел Одлуката за повикување и организирање на протест.
„Сите синдикати членки на ССМ и нивните членови се единствени во ставовите дека неопходно е работници и граѓани ( пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава да излезат на Протестот на 12.12.2021 година во 12 часот и 12 минути, зошто колку сме побројни толку сме посилни и погласни за обезбедување на нашите права“, соопштија оттаму.