Јавно ќе бараме оставка од тие пратеници кои што ќе дигнат рака за „не“ на работниците во Комисијата за финансирање и буџет. Работникот денеска очекува да го изгласате амандманот за линеарно покачување на платите од 2806 денари. Доколку не се случи тоа јавно со име и презиме ќе ги објавиме имињата на сите пратеници, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски од пред Собранието.
-Апелирам до Собранието без проблеми да му помогнеме на работникот и да го изгласаме амандманот поднесен од Сојузот на синдикати на Македонија. Ние продолжуваме со штрајкот. Ние денес бараме пари за леб, за плаќање на сметки и за издржување на семејствата. Секој ден ќе излегуваме со работниците на улица рамо до рамо, појасни Димовски за штрајкот во јавниот сектор.
-Преговораме со 5 општини и 12 комунални претпријатија за линеарно зголемување на платите, додаде Димовски.