Донесен е петтиот пакет мерки за финансиската поддршка за исплата на платите на работниците за месеците февруари и март 2021 година. Ги потсетуваме работодавачите дека средствата треба да легнат на сметките на работниците за двата месеци наеднаш, а срамно ќе биде доколку некој работодавач и покрај сите санкции повторно ги злоупотреби овие наменски средства, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)

„Укажуваме дека будно ќе ја следиме исплатата на финансиската поддршка за исплата на платите на работниците, за навремено да се спречи секаков обид за злоупотреба на средствата од страна на работодавачите.

Апелираме до работниците, доколку нивниот работодавач не им исплати од средствата за финансиската поддршка за исплата на платите на работниците за месеците февруари и март 2021 година, веднаш да пријават во ССМ, за да можеме заедно со другите надлежни државни институции навремено да реагираме и преку УЈП, парите да дојдат до сметките на работниците“, додаваат оттаму.

Слични содржини