ССМ: Минималната синдикална кошничка зголемена за 15.424 денари за една година

од Nikola Popovski
193 прегледи

На едно четиричлено семејно домакинство за преживување согласно пресметките на Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, во јанауари 2022 година му биле потребни 31.811 денари, а вредноста на истата за една година го бележи најголемото зголемување од 2011 година од кога и ССМ ја пресметува и истата во декемри 2022 година изнесува 43.163 денари и ако се пресмета и огромната инфлација, таа изнесува 51.234 денари или во спредба со почетокот на годината зголемена е за 15.424 денари, соопштија денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Од таму додаваат дека борбата на ССМ изминатата година беше насочена кон зголемување на платите на членовите и на работниците и најавуваат продолжување и во 2023 година.

-Истовремено, во 2022 година нашите актовности придонесоа минималната плата да се зголеми на 18.000 денари, а онаму каде што имаме синдикати во приватниот сектор платите веднаш да се усогласат со порастот на минималната плата по пат на социјален дијалог, но за жал, во јавниот сектор состојбата беше поинаква и најмногу Владата вршеше дискриминација на своите вработени и по притисокот од генералниот штрајк организиран од страна на ССМ почна да ги зголемува платите на вработените но без никакви критериуми, без методологија, веројатно во паника поради генералниот штрајк во јавниот сектор кој за прв пат и се случува на една Влада и тоа поради непочитување на законска обврска и незголемување на плата на вработените. За жал, генералниот штрајк иако успешен во 85%, се уште трае онаму каде што платите не се усогласени и тоа е поразително за една Влада која има состојба на генерален штрајк во јавен сектор веќе 7 (седум) месеци, порачаа од ССМ преку соопштение.

Слични содржини