ССМ на 28. јануари излегува на протест, најавува и генерален штрајк во јавниот сектор

„Доколку немаат слух ќе им собереме 10 илјади потписи и ќе станеме овластен предлагач на законите - ќе побараме намалување на функционерските плати за 78% и зголемување на минималецот на 600 плата“, рече Трендафилов

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инфомакс

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари. Порача дека е време работниците да се изборат за достоинствени плати.

-Го повикуваме сите работници кои ги лажеле нивните газди, директори, менаџери, премиери, министри, дека ќе им ги зголемат платите, а не го сториле тоа, да ни се придружат на улица затоа што тие до 31.12 не се договорија за тоа и со потсмев им кажаа на работниците да седнат со газдите и да се договорат. Повикуваме на протест затоа што прагот на сиромаштија е 31 илјада и 200 денари. На секој еден работник му е потребно зголемување на платата, ама не за 25 евра како што се функционерите се фалат дека ќе ги усогласат платите, ама не сега, туку во март, кажа Трендафилов на прес-конференција.

Тој укажа дека „седењето дома дава поддршка на политиката на ниски плати и тежок работнички живот“. Трендафилов најави дека ова е првиот чекор од низата во наредниот период, а кои ќе значат: „дополнителни протести и блокади, генерален штрајк во јавниот сектор, а доколку немаат слух ќе им собереме и 10 илјади потписи и ќе станеме овластен предлагач на законите – ќе побараме намалување на функционерските плати за 78% и зголемување на минималецот на 600 евра“.

Слични содржини