Ако не се изгласа законот со кој таа ќе изнесува 18 илјади денари ССМ најавува големи блокади и штрајкови.
-Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави предлогот за минималната плата на Сојузот на синдикатите на Македонија на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи, порачаа денеска од ССМ.
Тие бараат решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати.
Повторно предупредија дека доколку во четврток во Собранието не се изгласа предлог законското решение од ССМ ќе почнат со штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта.
-ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кој ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме! Владата која излезе со анализа која ја поздравуваме и која потврдува дека предлогот на ССМ е најреален и одржлив како идејно решение и по кое позитивно се произнесоа и затоа бараме повеќе да не потпаѓаат под влијание и игрите на работодавачите кои се дрзнаа да бараат за себе. Бараме да го стават предлогот на ССМ на гласање на ЕСС кој за нив заклучувајки по анализата изготвена од нивна страна и дискусиите кој ги водат на ЕСС е прифатлив, наведоа во соопштение од ССМ.
Премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил порача дека владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето.
„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците.Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата.Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, додаде тој.