Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ повторно го прозваа ССМ и го обвинија дека позади нивните протести стопи опозицијата. Партијата смета дека синдикалците немаат искрени намери за раст на платите на работниците туку само индивидуален бенефит.
Според пратеникот Бране Петрушевски, протестите на синдикатот не се автентични, туку се партиска операција за која логистиката ја обезбедува СДСМ.
„ССМ е само СДС во синдикални маички. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат дека главните луѓе на терен за организирање на протестите се всушност истакнати партиски кадри на СДСМ“, изјави Петрушевски.
Тој како пример го посочи Бранко Георгиев, поранешен раководител во Струмица, тврдејќи дека тој е клучниот човек за превоз и организација на луѓе за потребите на синдикатот.