217
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави дека веќе поставиле 21 столче на „Илинденск“ пред зградата на Владата, како најава за денешното продолжување на штрајкот во јавниот сектор.
-21 столче за 21 министер од 10 до 14 часот на улица, објавија од ССМ.
Со ова, Синдикатот бара да биде прифатен нивниот амандман испратен до Владата и Собранието за линеарно зголемување на платите од 2806 денари.
Во сите јавни установи, во кои синдикатот има свои ограноци и членови, започнат е штрајк со загарантирани минимум 10 проценти од вработените кои ќе работат за да излезат во пресрет на итната работа и барањата на граѓаните, односно да не бидат загрозени безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.