ССМ повикани на состанок во Влада; Трендафилов: До кога работниците ќе чекаат зголемување на платите?

од Nikola Popovski
58 прегледи

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов соопшти дека денеска добиле повик од Владата за да одржат состанок во 12 часот во зградата на „Илинденска бр.2“. Како што рече, ќе ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на плати. Информира дека нема информација за што точно ќе се зборува на состанокот.

Трендафилов навести дека ќе им пренесе на владините претставници дека едногласно донеле одлука како ССМ, доколку не ја зголемат минималната плата и платите на сите работници и доколку за 12,6% не се зголемат платите во јавниот сектор, дека ќе треба да живеат на минималец.

-Од тоа што го видовме, ќе присуствуваат и други колеги од другите синдикати, иако за жал избегаа од камерите, додаде првиот синдикалец во државата.

На последниот протестен марш, членовите на највисоките тела на ССМ пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата. Од ССМ побараа да запрат и нападите врз синдикатите. Упатија предлог до премиерот Христијан Мицкоски заедно да земаат минимална плата од 500 евра, а да се зголемат останатите плати за 100 евра. Доколку не се зголеми минималната плата, раководството на ССМ најавува генерален штрајк, а доколку не се зголемат платите на работниците, најавуваат протест.

Фото: Локално

Слични содржини