ССМ: Работниците од угостителството да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Во текот на вчерашниот ден во јавноста беа пласирани информации дека најголем дел од угостителите денеска ги одјавиле работниците, на што како синдикат најосторо реагираме. Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување, соопштија денеска од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Оттаму укажуваат дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за вработување да се одјавуваат еден ден пред започнување на мерките со кои се ограничува работењето во овој сектор.

-Не е возможно токму вчера и денеска на сите работници да им завршила важноста на договорите за вработување доколку истите биле склучени на определено време, истакнуваат од ССМ.

За ваквите најави, Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот – СУТКОЗ заедно со ССМ ќе поднесува пријави до сите надлежни инспекциски служби, како и кривични пријави со цел да се спречат таквите злоупотреби.

Слични содржини