ССМ со апел до пратениците: Не ја користете расправата за ребалансот за дополнително да ги уназадувате работничките права

од Берта Китинска
173 прегледи

Гласајте го амандманот на ССМ за усогласување на платите за 2806 денари во јавен сектор предложен од ВМРО – ДПМНЕ и не ја користете расправата за ребалансот за дополнително да ги уназадувате работничките права преку укинување на недела неработен ден во туристичките места ( а тоа значи насекаде), апелираат од ССМ до пратениците на власта.

-Амандманот треба да биде изгласан ден побрзо од сите пратеници и власт и опозиција, пред дополнителното зголемување на цените на електричната енергија, нафтените деривати и новите ценовни шокови.На комисиската расправа пратениците времето да го трошат за утврдување на ставките преку кои сите работници од јавен сектор ќе го добијат усогласувањето на платите со порастот на минималната плата од 2806 денари, а во спротивно ќе имаат удел за штрајкот на 22.06.2022 година, велат од ССМ.

Слични содржини