ССМ со барања до Владата: „Од чистачка до претседателот да земеме по 2806 денари“

од Nikola Popovski
543 прегледи

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска на средба во Владата изнел барања за линеарно зголемување на платите од 2806 денари за целиот јавен сектор, вклучително и образованието, регрес – утврдување на правото што го изгубиле, но и методологија за усогласување на порастот на минималната плата со останатите плати.

-Овој проблем треба да се реши во интерес на целиот јавен сектор, но ние се бориме и за правата на сите работници, независно од секторот. Ако не се случи тоа, од септември согласно законот, ќе бараме примена на колективните договори и ќе бараме процентуално зголемување на платите. Ова линеарно е во знак на солидарност, од чистачка од претседателот на државата да земеме по 2806 денари, рече Димовски.

Иако се празници, Димовски вели дека се достапни за владата и очекуваат одговор од неа.

-Сметам дека има позитивни сигнали. Мислам дека е солидарно. Чекаме да не викнат, кажа Димовски.

Слични содржини