ССМ: УО на „Водовод“ ќе одлучува за незаконскиот отказ на претседателот на Синдикатот

од Nikola Popovski
142 прегледи

На барање на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, а во врска со незаконскиот Отказ на Претседателот на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Водовод и канализација Скопје, Управниот одбор во текот на утрешниот ден со почеток во 13 часот ќе одржи итна седница на која ќе се разгледува приговорот поднесен од Стојанче Кашиковски против незаконското Решение за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работниот однос донесено од в.д директорот Марјанче Митовски, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Од таму велат дека синдикатот СУТКОЗ при ССМ до Управниот одбор достави докази за уште едно нечовечко однесување на Митовски, поради тоа што дава отказ на претседател на синдикат спротивно на Закон и колективниот договор, за период кога истиот користел право на годишен одмор од кое работникот согласно Уставот не смее да се откаже, кога во претпријатието токму заради ваквиот однос на в.д директорот Митовски се спроведува законската процедура за организирање на штрајк и кога веќе е определен овластен помирувач од страна на Министерството за труд и социјална политика со што Митовски ги прави последните незаконски обиди да го задуши штрајкот и да ги заплаши работниците за да се спаси од работничкиот гнев поради неговиот нехуман и нечовечки однос кон работниците во ова јавно претпријатие.

-Синдикалната борба против ваквите некадарни директори продолжува се до остварување на целта, посочуваат од ССМ.

Слични содржини