Сојузот на синдикати на Македонија утре во период од 13 до 14 часот ќе го сопрат сообраќајот на улицата Димитрие Чуповски пред средбата на која треба дефинитивно да се знае дали ќе се зголеми минималната плата на 18.000 денари.
Протестот ќе се одржи пред Организацијата на работодавачи и Стопанската комора, откако на вчерашната средба на економско-социјалниот совет резервираност по ова прашање за зголемување на минималецот искажа и Владата.