Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара и ги повикува пратеници од сите политички партии на разумност и свест дека е неопходно на закажаните зедници на Собранието за утре, да се изгласа петтиот пакет на мерки, во кој, покрај другото, е предвидена и финансиска поддршка за исплата на платите на работниците од најпогодените сектори за месеците февруари и март 2021 година, а кој е блокиран веќе три месеци во Собранието, имајќи предвид дека сега сме месец април.
„Работниците, членовите на ССМ и целокупната македонска јавност, се вчудоневидени од односот на пратениците во парламентот кон егзистенцијалните прашања на работниците, чиј што опстанок во услови на здравствена криза од светски размери, зависи од грижата на државата кон нив и изгласувањето на петтиот пакет мерки, кој уште еднаш нагласуваме е блокиран во Собранието, а е неопходен за зачувување на работните места и егзистенција на работникот.
Укажуваме на голем број на обраќања до Сојузот на синдикатите на Македонија, како од работници, така и за прв пат од работодавачи, кои побараа помош и поддршка од ССМ, а кои повеќе не можат да го издржат притисокот поврзан со обезбедување на нивна егзистенција и егзистенција на нивните семејства.
Не дозволувајте како пратеници, подадената рака од работникот денес, да стане стисната тупаница утре