ССМ: За одложувањето „недела-неработен ден“ не смее да се одлучува еднострано

од Nikola Popovski
475 прегледи

ССМ остро реагира на последната изјава на Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска објавена во медиумите, за одложување на донесување на законските одредби за уредување на правото недела да биде неработен ден за сите вработени, за јануари 2022 година.

Според нив, за ваквото одложување, не смее да се одлучува еднострано, надвор од Економско – социјалниот совет и без социјален дијалог.

„Потсетуваме дека на последната седница на Економско-социјалниот совет, одржана на 15.02.2021 година, сите социјални партнери се согласија дека треба да се постигне консензуз, а не процесот да се враќа назад.

Очекуваме преговорите за допрецизирање на одредбите, во насока на уредување на правото за недела да биде неработен ден за сите вработени да продолжат и истите да завршат во најкус можен рок, имајќи предвид тоа дека донесувањето на Законот веќе еднаш е одложено и тоа за примената од јуни 2021 година, а во последиот текст за септември 2021 година и тоа без предходна согласност со социјалните партнери“, велат од Сојуз на синдикатите на Македонија, додавајќи дека рботниците и граѓаните очекуваат од социјалните партнери да испорачаат резултати од преговарањето во насока на унапредување на работничките права, а не континуирано да се одлага решавањето на нивните проблеми.

Примената на Законот за работни односи и „Недела – неработен ден“ ќе бидат со одложена примена, од 1 јануари 2022 година, соопштија вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска на денешната редовна месечна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог што се одржа во Владата.

 

Слични содржини