Сојузот на синдикати на Македонија го потсетува министерот за финансии Фатмир Бесими дека Владата на седницата на ЕСС на која се утврди зголемувањето на минималната плата и пред целокупната јавност изјави дека по зголемувањето на минималната плата следува период на усогласување на платите во рок од 6 месеци.
-Загрижени сме од неговите изјави кој се однесува како истиот да не седел на седниците на ЕСС и како Министерството за финансии да не е дел од Владата. Неговата изјавата дадена во текот на вчерашниот ден дека „не е адресата Министерството за финансии“ не е издржана од следните причини:
Денеска во целост се побива она што јавно го кажува Министерот Бесими преку соопштението од нашиот братски Синдикат на УПОЗ при ССМ во кое ја изразуваат загриженоста поради тоа што Министерот за финансии иако требало како што вели да предвиди работи кои се дефинирани, истиот не го почитува Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија. Во реакцијата од страна на Синдикатот на УПОЗ се вели „Исто така загрижува и фактот што во Предлог – ребалансот на Буџетот за 2022 година, не е предвидена исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година, право кое е предвидено согласно членот 21 од Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.“ не предвидел средства.
Согласно Законот за минимална плата член 8 знаел дека сите плати мора да се усогласат согласно порастот на минималната плата во рок од 6 месеци истиот не предвидел средства за зголемување на платите во ребалансот на буџетот, велат од ССМ.
Од таму велат дека токму Министерството за финансии е адресата и одговорноста е на министерот Бесими да обезбеди почитување на Законите и колективните договори.
-Во спротивно произлегува дека свесно ја оштетува Државната каса за доплнителни трошоци за водење на постапки против Државата од работниците кои доколку не ги добијат заслужените плати и додатоци согласно Закон и Колективен договор, работниците по судски пат ќе си го наплатат трудот со дополнителни трошоци кои ќе се плаќаат од државната каса, стои во соопштението на ССМ.