ССНМ: Финансирањето на медиумите и СЛАП тужбите го загрозуваат интегритетот на новинарите

од Љубиша Владимиров
19 прегледи

Македонија е на 42. место на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година, што претставува пад од шест позиции.

Според извештајот на Репортери без граници, падот е резултат на нефер финансирање на медиумите, недостаток на транспарентност и постојани закани за интегритетот на новинарите.

Синдикатот на новинари истакнува дека законодавството треба да се усогласи со европските стандарди, а треба да се преземат и мерки против СЛАП тужби кои ги заплашуваат новинарите.

Иако постои напредок во заштитата на новинарите, потребни се дополнителни мерки за подобрување на нивната безбедност.

Слични содржини