ССНМ има нов претседател

од Nikola Popovski

Павле Беловски бил избран за в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на Собранието кое се одржа во саботата, соопштија од таму. На Собранието кое за првпат се одржа онлајн Беловски едногласно бил избран за претседател на ССНМ каде го наследува Ѕвездан Георгиевски кој ја водеше организацијата во изминатите две и пол години.

На Собранието биладонесена и одлука за проширување на Извршниот одбор (ИО) од досегашните девет членови на 13, пред сѐ со синдикалните претставници од медиумите кои имаат формирано синдикални групи.

Покрај Маја Јовановска, Павле Беловски, Тамара Грнчароска, Роберт Атанасовски и Теофил Блажевски кои учествуваа во работата на ИО и во изминатиот период, дел од Извршниот одбор на ССНМ во наредниот ќе бидат и Сунаи Сабриоски, Зоран Маџоски, Марина Илиевска, Тамара Чаусидис, Теодора Цветковска, Жарко Јорданоски, Перо Момировски и Игор Стефановски.

Слични содржини