ССНМ: Новинарите не се декор, владата брзо да реагира за нивна слобода на движење

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници бара итна реакција од владините служби за овозможување услови и пристап за соодветна работа на новинарите и снимателите при следењето на одбележувањето на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Протоколот за следење на овој настан претставува елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи и службите на Владата мора да имаат предвид дека новинарите и снимателите работат во тим и не смее да бидат одвоени, бидејќи на тој начин им се оневозможува да работат согласно професионалните стандарди и систем на дејствување на новинарските екипи со цел известувањето да биде објективно и професионално.

Одговорните за организација на настанот во црквата св. Спас во Скопје се уште имаат време да ги исправат погрешно утврдените протоколи за движење на медиумските екипи.

ССНМ во повеќе наврати реагирал на ваквите пропусти во однос на новинарите особено кога се работи за настани од огромен јавен интерес, и повеќепати сме укажале дека доколку не знаат слободно може да се обратат до новинарските организации за да се утврди соодветен протокол и третман на медиумските екипи.

Со првично предвидениот протокол владата и нејзините служби ги попречуваат новинарите во извршување на нивната основна работа, а со тоа се попречува и слободата на информирање.

Слични содржини