ССНМ:Избран нов извршен и продолжен мандатот на стариот претседател на новинарскиот синдикат

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 На вчерашното редовно годишно Собрание на Синдикатот на новинарите и медиумските работници(ССНМ), избран е  нов Извршен одбор и се гласаше за претседател на синдикатот

собрание 2015 фото2 (1)

За претседател со нов мандат е избрана Тамара Чаусидис, која беше  и единствен кандидат.

За членови на  новиот и проширен состав на Извршен одбор  на ССНМ се избрани:

Маја Томиќ,Дарко Чекеровски  ,Марија Севриева, Маја Јовановска, Тео Блажевски, Роберт Атанасовски, Јане Димески, Владо Апостолов, Тамара Грнчароска, Филип Ѓурчиновски, Марија Митевска, Христина Јованова и Љубиша Станковиќ

сснм

  Собранието воедно донесе одлука за формирање Совет на основачи кое е советодавно тело во кое по автоматизам , по завршувањето на мандатите , влегуваат сите членови на органите на ССНМ , Извршен и Надзорен  одбор, Статутарна комисија  Во Советот со одлука на мнозинството, можат да бидат поканети да учествуваат и припадници на медиумската заедница кои не се членови на синдикатот , но се потврдиле како негови поддржувачи и можат да придонесат со своето искуство и експертиза за подобро работење. Советот на основачи има мандат да ја следи работата на извршните органи на ССНМ, и да дава препораки кои Извршниот мора да ги разгледува, а за негова организација е задолжен Драган Антоновски.собрание 2015 фото2 (1)

Собранието донесе одлука и за преиспитување на учеството на ССНМ во Повелбата за солидарност, со оглед на најавите за формирање партија „Левица“ од страна на дел од учесниците во Повелбата. Новото раководство е задолжено да побара објаснување за партиското активирање на дел од учесниците на Повелбата и да донесе одлука за замрзнување на соработката до колку таа може да   партиски да го обои делувањето на ССНМ.

Едногласно се усвоени Извештајот за работата и Финасовиот извештај на ССНМ. На Собранието како гостин учествуваше и потпретседателката на Меѓународната федерација на новинарите Јасмина Поповиќ.