193
Словенечката полиција уапсила македонски државјанин бидејќи превезувал руски државјани кои илегално влегле на словенечка територија, јавува агенцијата „СТА“.
Тамошната полиција вчера попладне запрела автомобил со хрватски регистарски таблички, управуван од 38-годишен државјанин на Македонија. При увидот било констатирано дека во автомобилот се превезувале пет Руси, кои претходно илегално влегле во Словенија.
Возачот на автомобилот е уапсен, а автомобилот е одземен од полицијата, информираат од полициската управа во градот Ново Место, Словенија.