Стабилно без нереди- Ситуацијата на македонско -грчката граница под целосна контрола

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

 Ситуацијата на македонско-грчката граница утрово е стабилна и мирна, по вчерашниот насилен обид за влегување на македонска територија од страна на бегалците кои се наоѓаат во кампот во Идомени. 4758281 (1)

Според раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаровски, ситуацијата во и околу кампот е мирна, како што е и на граничниот камен 59 и дека во Гевгелија е видливо зголеменото присуство на нашите безбедносни сили, кои се подготвени да интервенираат во секој момент во заштита на границата.

Странски рапорти: Над 3.000 мигранти ја нападнаа границата, а грчката полиција само го гледаше нападот

Директорот на болницата Сретко Јованов утрово за МИА изјави дека само едемкд полицен, од 15 – те повредени припадници на безбедносните сили поради сериозноста на повредите во пределот на гениталиите е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите 14 по санирање на повредите се вратени во своите единици.