Стадион по „Пеле“ и во Македонија? ФИФА планира да побара

од Nikola Popovski
285 прегледи

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави покренување иницијатива за именување на еден стадион во секоја земја по славниот Бразилец.

Едсон Арантес до Насименто Пеле почина на 82-годишна возраст во болница во својата татковина.

Тој остави вечна трага на „најважната споредна работа во светот“, освојувајќи три титули на Светското првенство и по речиси две децении во Сантос.

Инфантино му оддаде почит на Пеле на стадионот Вила Белмиро, домот на Сантос.

„Целиот свет знае за Пеле и што Пеле направи за фудбалот. Тој ги натера луѓето да се заљубат во фудбалот. Тој е вечен, а тука сме со многу емоции и тага. Но и со насмевка, бидејќи тој не тераше да се смееме“, изјави Инфантино.

Тој исто така изјави дека побарал од секој од 211-те членки на ФИФА да одржат минута молчење на нивните натпревари за да и оддадат почит на починатата легенда.

Тој додаде дека ќе предложи секоја од фудбалските сојузи и асоцијации да именуваат барем еден стадион во својата земја по Пеле.

„За 20, 30, 50 или 100 години, кога ќе се даваат голови на стадионот „Пеле“ во секоја земја во светот и кога луѓето ќе прашаат кој е тој, ќе слушнат дека тој беше одличен играч кој ни донесе возбуда“ рече Инфантино.

Практично тоа значи дека предлогот ќе стигне на адреса на Фудбалскиот федерација на Македонија и дека во нашата земја може да има стадион со име Пеле.

 

Слични содржини