Стадионите во Турција се отвораат со полн капацитет

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Фудбалскиот сојуз на Турција (ТФФ) соопшти дека од 9 ноември натпреварите од професионалните лиги во таа земја ќе можат да ги следат гледачи со 100% капацитет на трибините на стадионот, со потврда дека се вакцинирани.

Поради пандемијата на Ковид, трибините на стадионите во Турција од почетокот на фудбалската сезона се отворени 50 отсто, а лани натпреварите се играа без публика на трибините.

Новата одлука за целосно отворање на трибините на стадиони е донесена согласно препораките на надлежните здравствени установи, а гледачите ќе треба да исполнат одредени услови согласно мерките за борба против пандемијата.

Во соопштението на ТФФ се наведува дека натпреварите од трибините ќе можат да ги следат лица со потврда дека примиле најмалку две дози вакцина, како и лица кои заболеле од Ковид во последните шест месеци.

На трибините можат да одат и луѓе кои го победиле Ковид и примиле барем една доза од вакцината.

Од 9 ноември навивачите повеќе нема да смеат на трибините на фудбалските стадиони во Турција со негативен резултат од ПЦР тестот.